Во 20 градови ширум Србија денес протести поради загадувањето на воздухот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тие посочија дека се во контакт со лица од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Бања Лука, Загреб, Софија и други градови во регионот, со заедничка желба да се здружат силите и да се организира Балкански марш за чист воздух.

Во Белград и во над 20 други градови во Србија денеска ќе се одржат протести на граѓаните поради големото загадување на воздухот, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што најавија организаторите на протестот, Граѓанскиот фронт и иницијативата „Да не го давиме Белград“,протестот ќе се одржи под мотото „Борба за чист воздух“ и тој се организира поради тоа што граѓаните бараат конкретни и итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето, а владата и надлежните служби одговараат со бегање од одговорноста и намалување на значењето на рекордното загадување.

– Србија според податоците на Светската здравствена организација, е втора земја во Европа по бројот на предвремени смртни случаи заради загадување на воздухот и доколку не направиме нешто конкретно по ова прашање, малку е веројатно ситуацијата да се подобри. Нашите градови се затруени, а последиците ги чувствуваат сите. Затоа Граѓанскиот фронт и „Да не го давиме Белград“ ги повикаа сите оние кои се грижат за своето здравје и здравјето на своите најблиски да го искажат своето незадоволство, со оглед на фактот дека државата нема направено ништо за да не заштити, се наведува во соопштението на организаторите.

Тие посочија дека се во контакт со лица од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Бања Лука, Загреб, Софија и други градови во регионот, со заедничка желба да се здружат силите и да се организира Балкански марш за чист воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот