Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Внимавајте, од утре камерите на „Сејф сити“ ве снимаат

Од утре камерите на „Сејф сити“ ќе снимаат како се вози по улиците. Министерството за внатрешни работи стартува со системот „Безбеден град, безбедна држава “, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. До Нова година е предвиден пробен период.

Возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари системот влегува во целосна примена.

„Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие СМС и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог.

Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина казна.

По истекот, износот мора да се плати целосно во следните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата.

Казните ќе може да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе го известува МВР дека глобата е платена.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тошковски за „Слободен Печат“: Еден судија сега има 35 судења дневно, со „Сејф сити“ ќе има 3.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот