Фото: Профимедиа

Внимание: Малициозните вируси се најуспешни во крадење на пари од банкоматите!

Банкоматите низ Европа се цел на нов малициозен софтвер наречен EУ ATM Maлвеар, кој станува сè попопуларен меѓу сајбер криминалците, со невидена ефикасност до 99 проценти.

Високиот експерт за безбедност на апликации во Kaсперски, Олга Осипова, врз основа на анализата на текстот на скриншот, објави дека новиот малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители!

Тврдењето дека може да подигне до 30.000 долари од еден банкомат го прави малициозниот софтвер многу привлечен за криминалците.

Различните начини на плаќање за купување на овој злонамерен софтвер (опции за претплата и пробни опции, демо верзии) укажуваат на тоа дека програмерите што го создале се организирани и добро подготвени, како и дека сметаат на неговото ширење.

Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад. Сајбер нападите врз банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што обезбедуваат инстант готовина.

И на темната мрежа, често можете да видите реклами за злонамерен софтвер или специјални уреди дизајнирани за подигање пари од банкомати, предупредува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот