ВМРО на Каракачанов: Европа нѐ притиска за Македонија, а во старата бугарска престолнина Охрид се тепаат Бугари

Фото: mia.mk

Партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, нема да учествува на парламентарните избори во Бугарија на 2 април иако веќе се регистрираше. Наместо тоа ќе ги бојкотира изборите со кампања дека учеството е бесмислено бидејќи „кога странски амбасади ја диктираат бугарската политика, единствениот збор е бојкот“, објавуваат бугарските медиуми.

Ова било одлучено на Извршниот комитет на ВМРО кој што излезе со декларација за претстојните избори.

„Две години едни исти политички апртии влегуваат во Народното собрание, трошејќи милиони левови за кампањи и избори. Две години политички импотентни проекти се борат за власт. Две години, политички егоизам“, пишува во декларацијата на ВМРО која што беше коалициски партнер на Бојко Борисов.

Според партијата на Каракачанов, Бугарија е предмет на целосен надворешен притисок и обиди за мешање во внатрешните работи.

„Европа нѐ притиска за Македонија. Од преку океанот нѐ принудија да купуваме нови авиони и да дозволиме борбени единици на наша територија. Русија ни мавта со прст и поддржува апртија во нашиот парламент. Турција организира избори и во Народното собрание праќа пратеници од ДПС колку што сака. Дури и нашиот југосзапден сосед претендира за ‘македонско малцинство‘, а по улиците на старата бугарска престолнина Охрид тепаат Бугари“, стои во партиската декларација во која се говори и за инфлацијата, нелегалната трговија со мигранти и за енергетиката.

Од ВМРО уште тврдат дека им се предлагаат „избори без избор“ и дека е сеедно дали ќе се гласа за една или друга партија бидејќи се очекува странски геополитички актери „да го соберат несобирливото“. Тоа според партијата, е целосно губење на суверенитетот или пак нема да има влада.

„Моделот е измешан, Системот има потреба од промена и затоа учеството на изборите е бесмислено“, пишува во декларацијата во која се повикуваат „сите патриоти да го изразат својот протест преку активно гласање со: Не поддржувам никого“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот