ВМРО-ДПМНЕ: Наместо оставка, Караџовски со награда „13 Ноември”

Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради ковид пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда 13 Ноември, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот. Дополнително во составот на комисијата која одлучува за наградата 13 Ноември е и советникот на Зоран Заев, Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил- велат оттаму.

Појаснуваат дека секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата, само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември.

Д-р Караџовски и тимот кој ја изврши првата трансплатација на срце добитници на наградата „13 Ноември“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот