Д-р Караџовски и тимот кој ја изврши првата трансплатација на срце добитници на наградата „13 Ноември“

Претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче им ја честита 13 Ноемвриската награда на Град Скопје на годинешните добитиници од областа на здравствената заштита и тоа на епидемиологот д-р Жарко Караџовски, како и на тимот кој ја направи првата трансплантција на срце во земјава на 23 мај годинава.

Во тимот кој го трансплантираше првото срце учествуваа: доц. д-р Маја Мојсова, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, Адријана Георгиев, проф. Кочо Димитровски, проф. Сашко Јовев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, академик Жан Митрев, д-р Александар Николиќ, д-р Менка Лазаревска, д-р Тања Анѓушева, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Ќјутмил Џемили, д-р Никола Христов, д-р Стафанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Димче Славевски и д-р Марија Гераковска.

Освен честитките кон лекарите кои учествуваа во трансплантацијата, Министерството за здравство упати благодарност и до семејствата на донорите, чија несебична одлука спаси не еден туку повеќе животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот