Табла „дерматовенерологија“ / Фото: Фејсбук

ВМРО-ДПМНЕ: Кадрите на СДСМ на Дерматологија наплаќале услуги од пациенти, а не поднесувале извештај до МЗ

Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Малигниот криминал на кадрите на СДС, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството. Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија. Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не поднесувале извештај во Министерството за здравство. И сето ова го констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот изготвен во 2024 година, за работата на клиниката во периодот од 2023 година. Клиниката за дерматологија секако има право да дава услуги на пациенти кои пациенти кои плаќаат со лични средства и на странци во делот на козметологија, но за тоа е потребно на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството и тоа, за обемот и видот на извршените здравствени услуги. Исто тоа, Клиниката овој тип на работа, односно давањето на здравствени услуги кои пациентите ги плаќале приватно, го извршува без согласност од Министерството за здравство“, велат од владејачката партија.

Дополнително, ДЗР констатира Клиниката немала одобрен ценовник од Министерството за здравство врз база на кој ќе ги дава и наплаќа здравствените услуги. Со сето ова, дадени услуги се наплатени приватно со парите на граѓаните, а Клиниката ги наплаќала незаконски. За сето ова го повикуваме Јавното обвинителство да постапи по Извештајот на ДРЗ кој констатира низа на пропусти и злоупотреби и да ги истражи истите овие наводи. ЈО треба да отвори истражна постапка како се наплаќале парите, колку се наплаќало, каде завршиле и дали дел од парите завршувале и во приватни џебови“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот