ВМФЛ: Минимална победа на Караорман против Тетекс

Фото: ФК Караорман

Tимот на Караорман со минимални 1:0 го совлада Тетекс во денешниот последен натпревар од 19-тото коло во Втората лига.

Моментот на одлука се случи во второто полувреме кога Дебрешлиоски ја погоди мрежата на Тетекс за нови три бода со кои тимот од Струга сега има 26 бода. Со досега освоените 26 бода Караорман скоро и да ја обезбеди главната цел оваа сезона, а тоа е опстанокот.

Тетекс од друга страна е во сериозни проблеми на претпоследното место со шест бода заостанување зад Локомотива Пехчево која е прва над опасната зона. Треба да се знае и дека Локомотива не го одигра својот натпревар викендов поради скандалот во Синѓелиќ во кој беа нападнати фудбалерите на Беласица.

Тренерот на Беласица Гуцев за инцидентот во Синѓелиќ: Побараа да го „пуштиме“ натпреварот, добив силен удар во главата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот