Тренерот на Беласица Гуцев за инцидентот во Синѓелиќ: Побараа да го „пуштиме“ натпреварот, добив силен удар во главата

Фото: ФК Беласица

Во Втората фудбалска лига денес се случи голем скандал – фудбалерите и стручниот штаб на ФК Беласица биле нападнати во соблекувалната на гостувањето во Синѓелиќ против екипата на Локомотив Пехчево Скопје.

Tренерот на Беласица, Благој Гуцев во изјава за „Слободен печат“ го потврди инцидентот, а токму тој и најмногу настрадал.

„Побараа да го „пуштиме“ натпреварот за да не дошло до поголеми инциденти. Јас се свртев да влезам во соблекувална и без збор да кажам, добив удар во пределот на главата. Ударот беше толку силен, што се слушна и внатре, а играчите веднаш излегоа. Веројатно брзо сфатија што направија и веднаш го напуштија теренот. Јас имам телесни повреди и слаба енергија и како што изминува времето, проблем со левото око и уво. Утре ќе морам да посетам доктор повторно. Не знам што ќе се случеше доколку ударот го добиеше играч на тимот кој има 17 или 18 години или пак некој од моите повозрасни колеги, кои имаат по 65-66 години“, вели Гуцев.

„Како и да е, случајот нема да се затвори тука и ќе одиме до крај за да не настрадаат и други екипи како што настадавме денес ние. Најжалосно е што целата ситуација е режирана. Домаќините беа свесни што направија. Се беше уиграно и планирано предвреме“, изјави Гуцев за „Слободен Печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот