ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ја отсвири химната на Америка: Реакцијата на патријархот Иринеј на тоа стана ХИТ (ВИДЕО)

Foto: Nemanja Pančić/Nebojša Mandić

Американската амбасада во Белград, вчера го одбележа Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. На оваа манифестација беа присутни многу познати лица.

Меѓу нив беше и Патријархот Иринеј и нашиот Влатко Стефановски.

Стефановски пред сите присутни ја отсвири „The Star Spangled Banner“, националната химна на Америка, а особено интересна реакција на неговата изведба имаше Патријархот Иринеј.

Имено, откако Влатко Стефановски заврши со изведувањето на химната на САД на гитара, додека сите аплаудираа, Патријархот му дошепна на Ненад Поповиќ, министерот без ресор во Владата на Република Србија „Добар е овој“, што може да се прочита и од неговите усни.

Погледнете го видеото ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот