Владо Милев ќе настапува за унгарскиот клуб Казинбарчика
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев одново ќе го носи епитетот интернационалец. Искусниот одбојкар на паузата во првенството ја прекина соработката со актуелниот шампион Струмица 47&72 каде ја извршуваше и функцијата претседател на клубот и во следната полусезона ќе биде играч на унгарската Казинбарчика.
Препорачано
Унгарскиот клуб е позната средина за Милев, кој претходно настапуваше таму во периодот од 2017 до 2019, и освои две шампионски титули и еден куп-пехар.
Репрезентативецот и Казинбарчика се договорија на соработка до крајот на сезоната, а Милев со овој трансфер ќе остане во квалитетна натпреварувачка форма во пресрет на Европската лига 2026, како и учеството на Европското првенство во септември во Софија.
Тој ќе биде вториот македонски интернационалец во Унгарија откако претходно Александар Љафтов ги засили редовите на МАВ Елоре.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
37мин
-
59мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


