Владо Георгиев - Фото: Алекса Станковиќ

Владо Георгиев првпат во Арена „Јане Сандански“ во Скопје

Еден од најпопуларните регионални кантавтори, Владо Георгиев, на 20 март со почеток од 20:00 часот ќе одржи концерт во Арена „Јане Сандански“ во Скопје, под наслов „Господски“.

Ова ќе биде првпат Владо Георгиев да настапи во Арената „Јане Сандански“, што на овој концерт му дава дополнителна посебност и симболика.

Концертот „Господски“ носи вечер исполнета со елеганција, емоции и врвна музика по која Владо Георгиев е препознатлив низ целиот регион.

Публиката во Скопје ја очекува посебна и емотивна вечер која многумина долго ја посакуваа. По години исчекување, Владо повторно доаѓа пред македонската публика која со години ги носи неговите песни со себе. Во Арената „Јане Сандански“ ќе одекнуваат добро познатите стихови што публиката ќе ги пее заедно со него – од безвременските балади до песните што обележаа генерации.

Македонија отсекогаш имала посебно место во срцето на Владо, а враќањето во Скопје за него претставува повторна средба со публиката која низ годините му остана верна. Токму затоа овој концерт носи посебна емоција – момент на повторна средба меѓу уметникот и публиката која долго чекала неговите песни повторно да ги слушне во живо.

Во време на брза и површна продукција, Георгиев останува верен на автентичноста, музикалноста и емоцијата што ја обележаа неговата кариера.

Владо Георгиев – Фото: Алекса Станковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот