ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Владејачката партија го осуди нападот врз „Инфомакс“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на нападот што се случи синоќа во студиото на порталот „Инфомакс“, осудувајќи го инцидентот и истакнувајќи дека секое загрозување на безбедноста на новинарите претставува сериозна закана за демократските стандарди.

ВИДЕО | Упад во живо на Инфомакс, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Од партијата нагласија дека „слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа“ се вредности за кои долго време се залагаат, додавајќи дека секој медиум, независно од уредувачката политика, мора да функционира во безбедна и почитувана средина.

„Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ќе продолжат да бидат посветени на заштитата на слободата на изразување и создавање амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок.

ВИДЕО | Упад во живо на Инфомакс, насилник влегол во студиото и почнал да крши и да ги навредува новинарите

Од владејачката партија ја поздравија и брзата реакција на полицијата и посочија дека очекуваат институциите целосно и доследно да ја спроведат истрагата за случајот.

Од Министерството за внатрешни работи претходно соопштија дека е приведен 43-годишен скопјанец кој упаднал во студиото на „Инфомакс“.

Полицијата тврди дека по неговото задржување било утврдено дека станува збор за човек со здравствени проблеми, кое во минатото било спроведувано во Психијатриската болница во Бардовци.

Уапсен е напаѓачот кој влегол во студиото на „Инфомакс“ — полицијата тврди дека станува збор за психијатриски случај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот