Фото: МВР/илустрација

Владата им ги одзеде лиценците на уште шест фирми за одгледување медицински канабис

Владата на денешната седница одзеде уште шест лиценци на фирми кои одгледуваат медицинска марихуана, откако биле утврдени законски пропусти од страна на надлежната комисија, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

„Да, имаше денеска шест точки од Министерството за здравство и шест лиценци денеска владата ги одзема“ рече Митева.

Околу тоа кои се фирмите, рече дека повеќе детали има Министерството за здравство, каде што и практично е надлежната комисија.

„Од она што можав да го видам, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на комисијата, којашто е надлежна да ги провери сите услови коишто треба да ги поседуваат“, додаде портпаролката на Владата.

Досега девет компании останаа без лиценците за производство на медицински канабис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот