Владата одлучи: На Онишченко му се одзема државјанството
Владата ја информира јавноста дека согласно членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко.
Препорачано
Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната затворена владина седница на којашто директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, реферираше за случајот.
Случајот со Онишченко е еден од најголемите скандали на актуелната Влада, која на седница одлучила да му додели државјанство на контроверзниот руско-украински олигарх. Онишченко е на „црната листа“ на САД поради наводно мешање во тамошните избори.
Според директорот на АНБ Димовски, кој минатата недела реферираше во Собранието за скандалот, во тек е истрага која треба да утврди дали се работи за ненамерен пропуст при издавањето согласност за државјанството на Онишченко во АНБ или постоела намера. Двајца вработени во Агенцијата веќе се суспендирани.


