Владата на Луксембург демантира дека земјата е даночен рај
По повторното отворање на скандалот стар 50 години, Владата на Луксембург денеска ги демантираше информациите според кои токму таа земја обезбедила даночно засолниште за корпорации и богати поединци.
Истрагата на ОпенЛукс спроведена од Ле Монд во Франција и Зидојче Цајтунг во Германија покажа дека политичари, познати личности, мултинационални компании и кралски семејства префрлале пари преку Луксембург за да ги намалат даночните обврски и да избегнат контроли, пренесува Политико.
„Луксембург ги отфрла обвинувањата дадени во овие написи, како и целосно неоправданата слика за земјата и нејзината економија”, соопшти Владата во обид да ги побие обвинувањата за недостатоците во своите закони против перење пари или даночни практики.
Истрагата, која го опфати луксембуршкиот регистар на вистински сопственици, открила дека 90 проценти од компаниите во Големото војводство имаат странски сопственици.
Извештајот, меѓу другото, ја следи истрагата „ЛуксЛикс”, заснована на бројни документи од 2014 година што излегоа во јавноста и кои покажуваат дека бил извршен политички притисок врз Жан-Клод Јункер токму во времето кога поранешниот премиер стана претседател на Европската комисија.
Извор:МИА