Директор на Фондот за здравство Сашо Клековски / Фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска
Сашо Клековски / Фото „Слободен печат“ / Мирослава Симоновска

Владата му даде нов директорски мандат на Клековски, тој им се заблагодари на Мицкоски и на министерот

Владата на Македонија го именува Сашо Клековски за Директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со полн четиригодишен мандат, потврдувајќи го неговиот досегашен ангажман во периодот како вршител на должност.

Во својата објава на Фејсбук, Клековски нагласува дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој посочува дека заедно со новоименуваниот заменик-директор, Седат Бислими, ќе го водат ФЗО како важен столб на здравствениот систем во земјата.

„Им благодарам на Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за здравство и Управниот одбор на Фондот за довербата и на сите Вас за поддршката! Продолжувам посветено да работам на унапредување на здравствениот систем. Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи“, истакнува Клековски.

Фондот за здравство ќе ги покачува платите, ама ќе бира и нов директор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот