Цигари,тутун,пушење - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Цигари,тутун,пушење - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Владата го усвои предлог-законот за пушење: Ќе се пуши 20 метри подалеку од институции

Владата го усвои Предлог-законот за пушење, кој носи нови, поригорозни правила за употреба на тутун и електронски уреди, со цел зајакнување на заштитата на јавното здравје.

Иако првично најавуван како исклучително строг, финалната верзија на законот претрпе одредени измени поради забелешки од јавноста и бизнис-секторот. Една од клучните промени се однесува на угостителските тераси, кои наместо да бидат отворени од три страни, ќе мора да бидат отворени од најмалку две страни. Ова правило ќе почне да се применува една година по донесувањето на законот.

Владата се откажа и од целосната забрана за увоз на ароматизирани вкусови за електронски уреди. Законот не ги забранува производство, увоз, извоз или продажба на тутунски производи и електронски уреди, но строго ја регулира нивната употреба. Новите одредби предвидуваат целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и деловни простори, како и забрана за пушење во близина на институции, при што пушачите ќе мора да бидат оддалечени најмалку 20 метри. Дополнително, се забранува пушење во возила во кои има присутно дете.

Забраната се однесува и на автобуски и железнички станици, отворени пазари и други јавни простори, како и на целосна забрана за рекламирање и јавно изложување на тутунски и електронски производи. Законот предвидува и забрана за употреба на тутун и електронски уреди во угостителски објекти кои не се отворени од најмалку две страни. За угостителите е предвиден период за прилагодување од 12 месеци.

По усвојувањето на владината седница, законот ќе влезе во собраниска процедура, а по неговото изгласување ќе стапи на сила.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека мерките се значаен чекор за заштита на децата, непушачите и работниците, нагласувајќи дека тутунот е поврзан со околу 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупната смртност во државата.

Угостителите ќе имаат една година да ги преуредат локалите за Законот за пушење – власта тврди дека нема да има повластени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот