Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година.

Одлуката е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

-Со оваа Одлука ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување, информира владината прес-служба.

Комисијата за заразни болести ја препорача забраната за летови на денешниот утрински состанок, по информациите дека нов мутиран корона вирус се шири во Велика Британија.

Комисијата за заразни болести предложи 14-дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот