Вкусови што се памтат: Српска кујна – Не се тиганици, туку приганици (РЕЦЕПТ)

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Српската кујна е исклучителен белег на српскиот народ, а нивното гурманство и страста кон храната ја прави посебна. Во минатото, во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се „одигрувал“ секојдневниот живот, се собирало целото семејство.

Приганици, традиционални тиганица по стар српски рецепт или модерно кажано, уштипци од само три состојки: брашно, вода и сол. Нема квасец, нема прашак за пециво.

Состојки:

  • 400 гр брашно,
  • 200 гр брашно од хељда,
  • 1 лажичка сол или по вкус
  • млака вода по потреба
  •  може и половина лажиче шеќер

Подготовка:

Измешајте ги двата вида брашно, додајте сол и постепено додавајте млака вода при месењето. Тестото треба да биде меко. Оставете го тестото да отстои десетина минути.

Во подлабока тава ставете масло и добро загрејте го. Земете длабока лажица и убаво намастете ја со масло и парче по парче од тестото спуштајте го во врелото масло. Протресувајте ја внимателно тавата, така што принганиците само да се свртат за пржење или вртете ги со лажицата.

Доколку сакате може и да фомирате и мали бонбички и да ги сукате со оклагија, но со лажица е полесно.

Откако ќе добијат убава златна боја од двете страни ставете ги на хартија за да се впие вишокот масло.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Караѓорѓева шницла, брилијантен изум на српските готвачи (РЕЦЕПТ)

 

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Пребранац, грав на српски начин (РЕЦЕПТ)

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Гибаница со готови кори, на српски начин (РЕЦЕПТ)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот