Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Компир бомбици со праз (РЕЦЕПТ)

Unsplash
Unsplash

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Денес ви откриваме еден посен рецепт кој е многу лесен за подготовка, нема печење нема седење цел ден во кујна, само вклучете го блендерот и за кратко ќе имате посно јадење на трпезата.

Состојки:

– 800гр компир
– 100гр. маргарин
– 300гр. праз
– 3 чешниња лук
– 20гр мешан зачин
– 100гр лебни трошки
– 100гр. сусам

Подготовка:

Излупете ги, убаво измијте ги и ставете ги да се варат во вода. Откако убаво ќе се сварат оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во блендер заедно со маргаринот.

Исечкајте го ситно празот, а лукот убаво истолчето го и додадете го во смесата и блендирајте уште малку.

Намастете ги малку рацете со масло и од смесата почнете да формирате топчиња кои ќе ги влакате во лебни трошки или сусам кој мора да е претходно малку потпечен на хартија во тава.

Може и целата смеса да ја ставите во сад за салата па со лажица да ја послужувате. Изборот е ваш!

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот