Вкусни како купечките: Како да испечете совршени костени дома

Костени / Фото: Pexels

Сезона е на костени, а купените на улица се секогаш повкусни од оние што ги подготвуваме дома. Ако обожавате да јадете костени, но ве мрзи постојано да одите во град за да ги купите, ве советуваме како совршено да ги направите дома, без многу мака и труд.

На шпорет

Ако одлучите да печете костени на шпорет, најдобро е да изберете плиток плех со дупки (често се користи за печење тесто за пица). Исто така, костени можете да испечете и во тава, но прво засечете ги со нож на површината за полесно да се отворат.

Во рерна

За печење во рерна, костените прво засечете ги на површината, а потоа потопете ги во вода околу 10 минути. Потоа ставете ги во плех и печете ги во загреана рерна на 250 степени додека не се готови.

Варење во тенџере

За која термичка обработка и да се одлучите, најважно е да ги засечете костените на врвот. Се ставаат во студена и посолена вода и се варат од половина до еден час.

На скара

Доколку имате скара на тераса или во двор, ќе успеете да испечете совршени костени. Како и обично, засечете го врвот на костените, па наредете ги на алуминиумската фолија на која сте направиле дупки. Испечете ги на скара.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот