Вјоса Османи: НАТО и ЕУ да реагираат на оваа закана со војна од страна на Вучиќ

Вјоса Османи
Вјоса Османи / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вршителката на должноста претседател на Република Косово, претседателката на косовското Собрание Вјоса Османи ги повика Европската унија и НАТО да реагираат на изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој ја спореди ситуацијата во Косово со онаа во Нагорно Карабах во Јужен Кавказ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повод за реакцијата на Османи е денешната изјава на Вучиќ дека е потребно што поскоро решение за споровите меѓу Србија и Косово, затоа што, според него, „замрзнатите конфликти можат да ескалираат во вистинска катастрофа”. Српскиот лидер притоа како пример го посочи конфликтот во Нагорно Карабах.

Според в.д. претседателката на Косово, ваквите ставови на Вучиќ претставуваат закана со војна.

– Очекувам од Европската унија и од НАТО да реагираат на оваа закана со војна од страна на Вучиќ, напиша Османи на Твитер, пренесувајќи коментар во кој се вели дека „екс-министерот на (Слободан) Милошевиќ предупредува на конфликт од типот на оној во Нагорно Карабах во Косово ако напорите за компромис пропаднат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот