Визер авион патници / Фото: Драган Митрески

„Визер“ ја укинува авионската линија Скопје – Будимпешта

Унгарската авиокомпанија „Визер“, од 9 март ја укинува линијата Скопје – Будимпешта. Од јануари годинава, авиокомпанијата веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.

Од компанијата не соопштија зошто ја укинуваат оваа линија, а не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање.

„Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација. Министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија.

Оваа компанија во моментов држи помеѓу 50 и 60 проценти од целиот авиосообраќај на двата македонски аеродрома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот