„Визер“ извисил патници на скопскиот аеродром

Четворица патници денеска не можеле да се качат на авионот на Визер кој летал за Нинберг Германија во 12.35 часот иако уредно имале купено авионски карти.

Добиле објаснување дека имало продадено дупли карти поради што и немало место за сите патници.

Еден од патниците револтиран од настанот за „Слободен печат“ вели дека однесувањето на авиокоманијата е крајно непрофесионално.

– Картата е купена во Германија на 20 јули и навистина бев изненаден кога ми кажаа дека нема место за мене во авионот. Јас живеам во Германија и требаше денеска да се вратам бидејќи сум на работа, но сега мора да останам во Македонија до вторник бидејќи дури за тогаш ми најдоа нов билет – раскажува Никола Д. за „Слободен печат“.

Како што неофицијално им било објаснето на патниците во авионот имало 180 места, а биле продадени повеќе од 200 билети. Од четворица патници за кои првично немало место за двајца се нашло решение, со објаснување дека некои други патници не дошле.

Но покај нашиот соговорник извисил уште еден патник од Гостивар кој денеска летал за Нинберг на интервју за работа, а веќе утре требало да се врати во Македонија.

– И друг пат сум летал со „Визер“ и имало некои проблеми како доцнење на летот, презакажување на лет, но никогаш не ми се случило вака да останам на аеродром и да не можам да си одам дома. Навистина сум револтиран, крајно непрофесионално е да се продаваат дупли билети – вели нашиот соговорник.

Зошто се јавиле проблеми на денешниот лет за Нинбегр прашаме во пр-агенцијата „Априори“ која според податоците достапни на интернет страницата на „Визер“ се официјален контакт за медиуми на компанијата, но одговор не добивме.

Ако добиеме одговор дополнително ќе го објавиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот