Вистината ќе ве запрепасти: Избегнувате газирани сокови зашто се штетни, но ОВОШНИТЕ се уште полоши!

Profimedia

Пиењето овошни сокови е опасно за здравјето, без разлика дали пиете лимонада или газиран сок.

Во истражувањето во кое се анализирани сокови за кои се тврди дека се 100% од овошје, откриено е дека овошните и засладените напитоци имаат тенденција да ги зголемат шансите од предвремена смрт, пишува Healthline.

Сепак, истражувачите истакнуваат дека не постои особено голем ризик од 150 мл овошен сок дневно.

Во истражувањето, во период од 6 години се набљудувани 13.440 лица и во тој период имало 1.000 смртни случаи од други причини, и 168 смртни случаи од болести на срцето. Иако овошните сокови содржат повеќе витамини што ги нема во засладените газирани пијалаци, главните состојки и кај едните и кај другите се вода и шеќер.

Авторите на истражувањето укажале дека постојат уште некои фактори кои ја влошуваат ситуацијата предизвикана со шеќерот во пијалаците. Еден од најголемите е дебелината, потоа зголеменото ниво на липиди, воспаленија во организмот и висок крвен притисок.

Големата консумација на шеќер се поврзува со инсулинска резистенција и дијабетес.

Стучњаците истакнуваат дека овошните сокови можат да обезбедат витамини и влакна, но и дека имаат малку позитивни ефекти на здравјето.

Овошните сокови не се адекватна замена за јадењето овошје. Многу е важно ова да го имате на ум бидејќи многумина од нас овошните сокови и смутито не ги сметат за шеќерни бомби.

Овошните сокови што можат да се најдат во супермаркетите не се секогаш она што мислиме дека се, па дури и кога на нив пишува дека се 100% чисти и дека не се од концентрат.

Откако овошјето ќе се исцеди, сокот обично се чува во масивни резервоари без кислород до една година, а потоа се става во амбалажата.

Главниот проблем со овој метод е тоа што го отстранува поголемиот дел од вкусот, така што производителите треба да додадат таканаречени „пакувања со вкус“ во сокот, за да го вратат вкусот што е изгубен за време на обработката.

Па дури и кога купуваме сокови со највисок квалитет во супермаркетите, тие сè уште се далеку од нивната оригинална состојба.

Некои од понеквалитетните сокови со својот состав воопшто не потсетуваат на свежо исцеден овошен сок. Тие во основа се само шеќер со вкус на овошје, пишува Healthline.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот