Високи потпетици за секоја пригода: Како да ги изберете вистинските салонски чевли?

салонки
Фото: Пиксабеј

Тоа се чевли кои секоја жена треба да ги има „при рака“ за да може да го комплетира секој аутфит, а притоа да принесе совршена доза класика, елеганција и стил. За да дојдете до тој ефект – како да ги изберете вистинските салонски чевли?

Потеклото на „салонските чевли“  не води до петнаесеттиот век, кога персиските војници почнале да носат високи потпетици за да ги заштитат своите стапала во узенгиите. Персиските мигранти ќе го донесат овој тренд во Европа, каде што овој чевел стана популарен меѓу машките аристократи. Го носеа за да изгледаат  повпечатливо и повисоко.

Во XVII век жените во Европа почнале да носат чевли со потпетици, но и платформи. Тие беа особено популарни меѓу Венецијанките. Овој чевел станусен статусен симбол. Повисоката платформа значеше и повеќе материјал за долг фустан.

Со текот на времето, чевлите со потпетици се трансформираа во стилизирани чевли наречени „дворски чевли“: „Court Shoes“ (британски) или „Pumps“ (САД).

Најпрво се наменети за мажи, каде предниот дел над прстите е украсен со шноли. Потоа е создаден женскиот модел. Со текот на времето, шнолата се трансформирала во машна, а попетицата станала повисока. Потоа се отстранети сите украси и се добива класичена, стилизирана салонка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by fashion Wallett (@fashion_wallett)

Важен критериум кога се купуваат чевли и кога се зборува за салонски чевли е удобноста. Никогаш не купувајте чевли ако висината на петата не ви одговара.

Изберете висина и ширина на петицата за да можете да го поминете целиот ден во чевлите. Најчесто станува збор за потпетица од пет до седум сантиметри.

Ортопедите препорачуваат висина од три сантиметри, па оваа висина се смета за идеална кога се носат чевлите секојдневно. Ако сте секогаш на рамно и не носите штикли, изберете потпетица до три сантиметри. Исто така, прекрасните, квалитетни и удобни балетанки можат да бидат одлично решение. Не купувајте чевли само затоа што ви се допаѓа моделот или затоа што цената е прифатлива доколку не ви е удобно во нив. Во спротивно, веројатно нема да ги носите, па колку и малку да платите за нив, всушност фрлате пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kat (@katinhighheels)

Следното нешто што треба да се земе предвид е изборот на боја. За да ги носите со различни комбинации на облека, практично е бојата да биде неутрална и да се вклопи во вашата палета на бои. Односно, убаво се комбинира со облеката што веќе ја имате. Овој чевел може да се носи од пролет до есен, а погоден е и за свечени пригоди во зима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heel’s -15 (@heels_15_)

На нашиот пазар речиси секогаш се достапни црни, кафени и беж нијанси. Ако салонските чевли се шарени, важно е боите да се од вашата палета. Односно, тие можат да се комбинираат со еднобојната облека што ја имате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beautiful In Heels (@celebsinheels)

Забележете како Амал Клуни еднаш комбинира ист пар чевли со неутрална монохроматска комбинација на облека, а следниот пат избира фустан во портокалова боја, кој е присутен и на чевлите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот