Висока перница за низок притисок

Нискиот крвен притисок не претставува закана за здравјето, но поради намалениот проток на крвта во органите не се доволно снабдени со кислород и хранливи материи. Последиците се намалување на енергијата, вртоглавица и апатија. За да ги спречите или барем да ги ублажите овие непријатни симптоми, експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате.

Ставете перница под главата. Кога ќе легнете во креветот, наместете неколку перници под главата и тилот, за преминувањето од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагло. На тој начин ќе избегнете вртоглавица.

Туширањето завршете го со ладна вода. Наизменично туширање со топла и ладна вода влијае на јакнењето на крвните садови. Поради брзите промени на температурата тие тогаш брзо се шират и се стеснуваат, па полесно се адаптираат на надворешните влијанија. Туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Уште поголем ефект ќе има доколку со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.

Јадете помалку, но почесто. Крвниот притисок е најнизок во текот на првиот час по јадењето. Тој тогаш опаѓа затоа што на органите за варење им е потребна крв за да ја завршат својата функција. Оваа  постапка ќе биде послаба ако внесете помала порција на храна.

Посолете ја храната. Кујнската сол ја врзува течноста во организмот, со кој крвниот притисок малку се зголемува. Богатиот појадок и солените јадења ќе придонесат да се чувствувате подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот