Вишото јавно обвинителство не се согласило да се укине притворот на Мијалков

Од Вишото јавно обвинителство потврдија дека во одговорот до Апелациониот суд Скопје доставиле одговор со кој изречно одбиваат Сашо Миjалков да биде пуштен од притвор поради опасност од бегство затоа што веќе има две пресуди за вкупно 20 години затвор.

Апелациониот суд одлучил сепак по барањето на Мијалков и го укинал притворот, ја прифатил гаранцијата од 11,1 милиони евра и му определил други мерки за обезбедување, одземен пасош и јавување во суд.

Гаранцијата од над 11 милиони евра, според нашите информации, се состои и во недвижен и во подвижен имот, а ексшефот на УБК треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот