ВИРАЛНО ВИДЕО: Новинарка стави кондом за да го заштити микрофонот од ураганот во Флорида

Кајла Гелер
Кајла Гелер / Фото: Принтскрин/Твитер

Ураганот Ијан кој ја погоди Флорида, САД, однесе неколку жители и остави милиони без струја, иако властите спроведуваат очајни спасувачки операции низ целата држава.

Според PowerOutage.us, од почетокот на четвртокот, повеќе од 2 милиони корисници останале без струја поради огромното невреме, проследено со многу уништени дрвја, автомобили итн.

Додека ураганот Ијан беснееше на територијата Флорида, новинарката на „NBC“, Кајла Гелер, смислила безбедно известување, гордо и вешто поставувајќи кондом со цел да го својот микрофон.

„Тоа е што вие мислите дека е. Тоа е кондом. Не смееме да ги намокриме микрофоните, затоа мораме да го правиме она што треба да го направиме“, им рекла Гелер на своите гледачи на „Инстаграм“.

Видеото беше споделено и на „Твитер“, што предизвика масовна реакција кај корисниците. Галер била на терен заедно со многу други ТВ репортери, но малата превентивна подготовка многу помогнала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот