Вината на Отворен Балкан и годинава на престижниот саем на вина во Верона

Фото: Влада на РСМ

Водечките вина од Србија, Северна Македонија и Албанија ќе бидат претставени во павилјонот „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран од Стопанската комора на Србија (ПКС) на саемот за вино „Винитали“ во Верона од 14 до 17 април, пред околу 1.200 најголеми купувачи и бројни учесници и посетители, јави дописникот на МИА од Белград.

-Посетителите ќе можат да се запознаат со 150 етикети на вина од сите региони и лозови насади на Србија, со овошни ракии, како и со гастрономски специјалитети од Балканот како дел од презентацијата на манифестацијата „Food Vision“, соопшти ПКС.

Целта на „Винската визија на Отворен Балкан“ на саемот во Верона е нов бизнис за винарите од земјите учеснички на Отворен Балкан, како и за повеќе странски купувачи на Вториот саем за вино во Белград, кој ќе се одржи од 22 до 24 ноември.

Иницијативата за организирање на првата „Винска визија на Отворен Балкан“ ја покренаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија-Димитар Ковачевски и Албанија-Еди Рама.

На 56. саем „Винитали“ учествуваат рекорден број големи купувачи-1.200, а се очекуваат и рекорден број посетители, изложувачи и купувачи – увозници, дистрибутери и нивни здруженија од Европа, особено од Велика Британија, но и од целиот свет – од САД, Канада, Северна, Централна и Јужна Америка, Кина, Азија и Океанија до Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот