ВИН ДИЗЕЛ ВО ШОК, драма на снимањето на „Брзи и бесни“

На снимањето на деветиот дел од филмот  „Брзи и бесни“  каскадерот и дублер на американскиот актер Вин Дизел паднал на глава од десет метри висина.

Тој бил итно префрлен со хеликоптер во болница. Вин Дизел бил во тотален шок, а членовите од актерската екипа се плашат од најлошото, пренесува Дејли Мејл. Овој инцидент се случил во студиото на Ворнер Брос.

Се претпоставува дека до несреќата дошло откако пукнале сигурносните сајли додека каскадерот скокал од балкон. Наводно се здобил со тешки телесни повреди.

Вин Дизел бил на местото на несреќата само секунди подоцна, делувал шокиран и едвај ги воздржувал солзите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот