Вилијам Шетнер ќе биде најстариот човек кој ќе лета во вселената

вилијам шетнер
Фото: Принтскрин / Instagram

Вистинскиот Капетан Кирк ќе оди во вселената – и ќе биде најстариот жител на планетата Земја кој ќе лета надвор во вселената.

90-годишниот легендарен актер Вилијам Шетнер ќе му се придружи на Џеф Безос на вториот цивилен лет во вселената на 12 октомври.

Актерот, кој ја одглуми легендарната улога на Капетан Џејмс Кирк во ТВ серијата „Ѕвездени Патеки“, ќе биде првиот актер на научно фантастична улога кој ќе оди во вселената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Shatner (@williamshatner)

Улогата која ја глумеше Шатнер се повтори сериски кога „Ѕвездени Патеки“ се разви во една од најуспешните филмски франшизи, со седум филмски остварувања, меѓу кои и едно кое беше режирано од самиот Шетнер.

„Слушам за вселената веќе доста долго време. Ја преземам можноста да видам самиот. Какво чудо“, вели Шатнер во прес изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Shatner (@williamshatner)

Летот ќе може да биде проследен онлајн на „BlueOrigin.com“ почнувајќи од самото полетување, а снимката од летот потоа ќе стане и од документарец.

На 20 јули „Blue Origin“ го изведе првиот успешен цивилен лет во вселената на кој присуствуваше и сопственикот на Амазон Безос. Летот кој ќе го повтори доживувањето повторно ќе трае 15 минути и ќе полета од Западен Тексас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Shatner (@williamshatner)

Шетнер, покрај интересната актерска историја зад себе, е познат по својот интерес за вселената, кој се потврдува со неговата улога на извршен продуцент на серијата „The UnXplained“ која истражува необјасниви мистерии и приказни за НЛО и комуникација со вонземјани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Shatner (@williamshatner)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот