ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Нова онлајн платформа „Урбан речник“ – „Не го ограничувајте јазикот за да го заштитите, дозволете му да дише и да се развива“
Во ера на англицизми, Тикток-сленг и брза интернет-комуникација, особено кај новите генерации, се поставува прашањето: каде завршува литературниот стандард, а каде почнува урбаниот македонски јазик?
Препорачано
Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ разговараме со Филип Аврамовски и Алекс Шалевиќ — основачи на онлајн платформата „Урбан речник“.
Инспирирани од светски познатиот „Urban Dictionary“, двајцата автори — филолог и филозоф по професија — создале простор каде јазикот не е строго ограничен со академски правила, туку е прикажан онака како што навистина се зборува: на улица, во кафуле, во пораки и на социјални мрежи.
Досега, во речникот се внесени над 250 зборови и изрази, предложени и дефинирани од самите корисници.
Во разговорот ни открија и неколку интересни примери од современиот сленг:
• „Лабс“ — кратенка од „лабаво“, односно опуштено
• „Анк“ (Unk) — модерен сленг, изведен од англиските „uncle“ и „uncool#, за некој што е постар или „излезен од тренд“
• „Мислоред“ — нов македонски збор за англискиот израз „train of thought“
Филип и Алекс открија и дека планираат да ја прошират платформата со вклучување на ромскиот и албанскиот јазик, со цел да создадат уште побогата архива на мултикултурниот јазичен идентитет во Македонија.
Нивната порака е:
„Не го ограничувајте јазикот за да го заштитите — дозволете му да дише, да се менува и да се развива.


