ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Не постои разумно купување, човекот купува емотивно – вели популарниот бизнис-консултант Драган Војводиќ
„И Александар Македонски имал свој ментор, сите знаеме, тоа бил прочуениот Аристотел“, вели во интервју за „Слободен печат“ Драган Војводиќ, еден од најпознатите бизнис-консултаннти во регионот, официјален претставник на Sandler Training (Сендлер треининг) од Балтимор, САД, и прв сертифициран сендлер-тренер во регионот, еден од највлијателните луѓе во современата продажба, важна фигура меѓу бизнисмените.
Препорачано
Според него, секој треба да има свој учител, со акцент на раководителите на компании.
– Јас имам неколку ментори околу себе. Кога пред неколку години станав дел од компанијата Sandler, јас станав слуга на знањето. Во животот ако сакаме нешто да заслужиме, прво мораме да служиме, односно ако сакам да добијам нешто, морам претходно и да дадам. Тоа е законот на компензација. Еве, ќе го земам за пример и Александар Македонски, кој исто така имал свој учител, прочуениот Аристител. Умот го гледа само тоа што му е дозволено да го види, останатото околу е како мртов агол на ретровизорот, за тоа се тука менторите-учители, да ти го покажат мртвиот агол, да не ти дозволат да се повредиш, а попатно да дознаваш, никој не може ништо сам – вели Драган Војводиќ.

Ако при породажбата ни е потребна моќ за да го продадеме производот, аналогно при купувањето ни треба разум. Војводиќ ја демантираше оваа теза.
– Не постои разумно купување. Човекот е антополошко битие, мозокот во исто време ни е и наш пријател и непријател. Ние купуваме емотивно, но одлуките ги носиме рационално. Тогаш кога купуваме нешто емоционално, интелектуално и разумно, можеме да го образложиме тоа што сме го направиле емотивно. Едноставно така функционираме – објаснува нашиот соговорник.
Интернет-купувањето Војводиќ не го гледа на долг рок, како што вели, кога тогаш ќе се затвори кругот и ќе заврши и таа ера.
Војводиќ беше главен говорник на конференцијата „Be#Next“(Биди следен) која се одржа викендов во Скопје. Погледнете го ексклузивното интервју со него за „Слободен печат“ на нашиот јутјуб-канал.



