ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Докузов: На генерацијата Зет ѝ е наметнато да биде успешна
По големиот интерес на двете конференции што се одржаа минатата година, следува и третата конференција Be Next (Биди следен), место и простор наменети за усовршување на техники во продажбата, а воедно и учење на важни животни лекции од звучни говорници од регионот. Интересот за оваа тема оди во нагорна линија кај нас, вели за „Слободен печат“ Георги Докузов, познат како автор на поткастот Next Gen (Некст Џен) и основач на оваа конференција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, како што вели тој, во Македонија сè уште не се препознава важноста на оваа тема за која во светот се зборува на големо.
– Последнава година се трудиме да ја внесеме темата за продажбата, учење од најдобрите како да бидеме подобри на своето работно место, како да „се продадеме себеси“ условно речено, бидејќи секој еден човек треба да ги поседува и усовршува овие вештини – вели Докузов.
Со голема радост организаторите го најавуваат главниот говорник. Станува збор за звучно име во фелата, Драган Војводиќ од Србија.
– Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Драган Војводиќ има изградено кариера што почнува во „Порше“, продолжува во „Волво“ и „Рајфајзен банк“, но многу брзо го напушта корпоративниот систем за да се посвети на она што денес го работи најдобро – создавање продажни професионалци што размислуваат, одлучуваат и комуницираат како еднакви. Тој е автор на две бестселер книги – „Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“, книги кои не мотивираат, туку поттикнуваат лична и бизнис-одлука – објаснува нашиот соговорник.

Војводиќ ја претставува популарната методологијата Sandler („Сандлер тренинг”), присутна во повеќе од 300 центри во над 30 земји ширум светот и важи за една од најпочитуваните продажни методологии глобално.
На третата Be Next (Биди следен) конференција, која ќе се одржи на 28.02.2026 во хотел „Хилтон“, Докузов најавува и ексклузивни говорници од Македонија како Огнен Огненовски, Марија Мешкова и Блаже Здравев.


