ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Станимировиќ: „Чек-ап“ прегледи во Систина со пакети кои нудат мислења на врвни специјалисти
Малкумина од нас, кога се чувствуваат добро, веројатно воопшто не размислуваат на лекарски преглед. Но дали е навистина така? Каква ни е здравствената култура и колку се грижиме за нашето здравје? Дали и кога ни е најдобро, треба да направиме превентивен преглед? Од неодамна, „Аџибадем Систина“, нуди „Чек-ап“ прегледи. За што станува збор, какви прегледи се прават, што опфаќаат и дали има разлика меѓу прегледите за мажи и жени? Денес зборуваме со доктор Александар Станимировиќ, доктор кој го води целиот оддел.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Докторот вели дека станува збор за превентивни медицински прегледи, кои се фокусирани кон навремена детекција на сите патолошки болести кај пациентите. Истовремено нуди рана детекција на сите ризик-фактори, кои понатаму би предизвикале одредени компликации.
– „Чек-ап“ прегледите овозможуваат навремена детекција и контролира. Тие ја намалуваат драстично стапката на сериозни компликации, како што се мозочни и срцеви удари. Истовремено, еден битен дел од превентивните скрининг прегледи се оние прегледи коишто се поврзани со рана детекција на промени коишто се во контекст на малигни заболувања – вели докторот.
Тој објаснува дека генерално светскиот тренд вели дека се поместува фокусот од поправање на нештата, односно лекување, кон нешто што се вика одржување, оптимизирање на она што е добро и здраво.
– Функцијата на „Чек-ап“ одделот кај нас е пациентот да направи организирани специјалистички испитувања, кои во себе вклучуваат и лабораториски испитувања, и радиолошки снимања и специјалистички прегледи. Сето тоа заедно интегрирано да се заврши во еден ден, од прием до резултати. Пациентот доаѓа на закажан преглед кој започнува со анамнеза, потоа со медицинско лице во придружба се движи низ болницата, се прават закажаните прегледи и потоа се добиваат резултатите. На крајот, целосно завршува процесот, се сублимираат сите резултати и се добива една комплетна слика за здравствената состојба на пациентот – вели Станимировиќ.

Докторот вели дека прегледот се прави еднаш годишно доколку пациентот е здрав, но ако се детектираат одредени проблеми му препорачуваат контрола и порано. „Чек-ап“ прегледите се поделени во три групи, а прегледите зависат од пациентот. Опфаќаат различни испитувања кои зависат и од полот и од возраста и од ризик-факторите.
– Се прават лабораториски анализи, ехо на абдомен, рендген на бели дробови, до најобемниот пакет каде што се вклучени повеќе специјалистички прегледи. Секогаш имаме кардиолошки, пулмолошки, уролошки прегледи, кај жените имаме гинеколошки, прегледи на дојки. Во последниот пакет имаме вклучено и магнетно снимање на целото тело, така што сите тие пакети буквално можат за еден ден да се изведат – вели докторот.
Објаснува дека нема возрасна граница и дека секое полнолетно лице може да биде вклучено во превентивен преглед.
-Статистиките говорат дека порано оние возрасни граници коишто биле наменети за скринзи сега одат надолу, односно се намалува возрасната граница. Пожелно е секој да направи еден ваков преглед со цел да се превенира каква било компликација или состојба. Поентата на „Чек ап центарот е“ да овозможи брза достапност до сите ресурси што ги нуди болницата – вели докторот.

Објаснува дека „Чек-ап“ пациентите секогаш добиваат предност и можност да се искористат комплетно сите ресурси и сите капацитети што ги нуди клиничката болница.
– Препорака до пациентите е да се постигне подигнување на здравствената култура на нашето население. Ова што го нудиме треба да биде мотивација за буквално сите поединци да направат превентивен преглед, затоа што со тоа прават најголемата грижа за сопственото здравје-вели Станимировиќ.


