ВИДЕО+ФОТО | Викторија со разголени гради: „Måneskin“ настапија на „Global Live Citizen“ во Париз

манескин
Фото: Принтскрин / Instagram

Манескинците „го распалија“, „Шамп де Марс“ во Париз со својот настап на светскиот концерт „Global Citizen Movement“ во Париз овој викенд.

На настапот каде Манескин настапија со актуелните хитови „Beggin“, „Zitti e buoni“ и „I wanna be your slave“, покрај фронтменот Дамиано кој стана светска сензација, во фокусот на вниманието беше и басистката Викторија, чиј аутфит имаше доста што да покаже.

Единствениот женски член на бендот настапуваше со разголени гради, на кои имаше само лепенки во формата „X“ преку брадавиците.

Ова не е прво разголување на басистката на бендот кој е актуелен победник на Евровизија, чиј што инстаграм – профил изобилува со топлес фотографии со потскриени брадавици.

Во септемвриската летна ноќ пред повеќе од 20.000 луѓе под Ајфеловата кула осветлена во црвено настапија Манескин настапија покрај други големи светски музички имиња како Ед Ширан, Дожа Кет, Стормзи и Блек Ајд Пис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Global Citizen (@glblctzn)

„Global Citizen Live“ е масивен концерт кој освен во Париз се одржува и во Њујорк, Рио де Женеиро, Лос Анџелес, Лондон, Мумбаи, Сиднеј, и претставува апел за спасување на планетата Земја како и обид за поразување на сиромаштијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот