ВИДЕО+ФОТО | Дуа Липа „заплива“ во манекенски води: Sвездата заблеска на ревијата на Версаче

Дуа Липа Версаче
Фото: Принтскрин / Instagram

Дуа Липа може официјално да додаде „манекенка“ на листата на лични достигнувања откако настапи на ревијата на Версаче овој викенд.

Една од најактуелните музички ѕвезди на светската поп сцена, Дуа Липа, го имаше своето манекенско деби на ревијата на Версаче за пролет/лето 2022 година за време на Модната недела во Милано која се одржа овој викенд. И не само што таа се прошета по пистата, туку и ја отвори и затвори ревијата.

Фото: EPA

Дуа Липа, која е новото заштитно лице на легендарниот италијански моден бренд, ја отвори големата ревија носејќи елегантен црн костим со здолниште, со разрез на палтото на половината и големи разнобојни безопасни игли на колковите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Со интензивно светло зелена сенка на очите и неверојатно долга исправена коса зафрлена наназад, пејачката чекореше самоуверено по пистата на црни потпетици со ремчиња кои нè вратија во модата на 90-тите.

За изгледот кој ја затвори ревијата Дуа Липа носеше дводелен магента розов аутфит и пенкало здолниште со шлиц до колкот, спарен со розови потпетици и сенка за очи променета во сина.

„Беше така неверојатно искуство да го продолжам моето патешествие со моето „семејство“ Версаче – од учество во кампања до отварање на ревијата пролет/лето 2022! Донатела, ми беше сон да чекорам на вашата прекрасна ревија“ сподели Дуа Липа во официјалната изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Музичката ѕвезда сподели неколку фотографии на својот инстаграм профил, кои прикажуваа моменти на подготовки зад ревијата и позирање за фотографии.

Фото: EPA

Музичката ѕвезда објави и видео на кое таа и супермоделот Џиџи Хадид позираат пред фотоапаратите и возбудено се прегрнуваат.

„Ти и Џиџи изгледате прекрасно!!! Размислувам за вчеравечер цел ден!!!“ искоментира дизајнерката Донатела на објавата од својот личен профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

За блискоста од соработката зборуваше и објавата на која Дуа Липа и Донатела Версаче може да се забележат зад сцената, во придружба на италијанските ѕвезди инфлуенсерката Кјара Ферањи, нејзиниот сопруг пејачот Федез и неговиот соработник Луис Сал, кои носеа модели од новата колекција и веќе долги години се официјални гости на брендот Версаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Versace (@versace)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот