ВИДЕО+ФОТО | Дуа Липа доби албанско државјанство од претседателот Бајрам Бегај

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Британската поп – пејачката и текстописец со албанско потекло и една од најбараните изведувачи на денешницата, Дуа Липа, доби албанско државјанство. Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во пресрет на 110 годишница од независноста на Албанија од Отоманското царство ѝ врачи албанско државјанство на дваесет и седум годишната музичка ѕвезда.

Претседателот истакнал дека пејачката има огромна заслуга за ширењето на сликата за албанскиот народ на меѓународно ниво преку музиката, и смета дека доделувањето на државјанство на уметница како Липа е чест бидејќи ги прославила Албанците низ светот.

„Ќе бидам Албанка и на хартија“, изјавила пејачката пред положувањето на заклетвата за државјанство во градската општина на Тирана.

Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, Обединетото Кралство, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години. Таа делумно се школувала во уметничкото училиште „Силвија Јанг“, пред да се пресели во Косово со своето семејство во 2008 година. Липа израснала слушајќи ја музиката на својот татко, пејачот Дукаѓин Липа. Нејзиното име значи „љубов“ на албански јазик.

На 14-годишна возраст, таа почнала да препејува песни од нејзините омилени пејачки како Пинк и Нели Фуртадо на ЈуТјуб. На возраст од 15 години, таа се вратила во Лондон со цел да стане пејачка. Набрзо потоа, таа започнала да работи како модел. Во 2013 година, таа глумела во ТВ реклама за британскиот „Икс фактор“

ФОТО | Роденденската прослава може да започне: Дуа Липа денес полни 27 години

Видео на денот