ВИДЕО+ФОТО | „Дрвото на животот“ расте на остров од сол во Мртвото море

дрво на животот израел мртво море
ФОТО: Инстаграм

Дрво што расте на остров од бела сол среде Мртвото Море не е глетка што некој би можел да ја очекува, но тоа е токму она што го сведочат туристите недалеку од плажата Ајн Бокек.

Со концентрација на сол 10 пати поголема од онаа на океанот, Мртвото Море не може да одржи во живот никаква флора или фауна, па затоа не е изненадување што фотографиите од дрвото на островот од сол често стануваат вирални на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alessandro Cuccu (@sardovagabondo)

Во израелско одморалиште во близина на Арад, се наоѓа солен остров чие нереално природно формирање од бела сол е опкружено со тиркизна вода и едно дрво кое не припаѓа таму. А сепак…

Сепак, дрвото не пораснало таму, туку било „засадено“ на островот од локален уметник како уметничка инсталација. Наводно, тој го посетувал дрвото речиси секојдневно и ставал кал околу него за да се осигура дека ги добива сите хранливи материи потребни за да преживее во оваа исклучително тешка средина.

Сега дрвото е туристичка атракција и неговата локација може да се најде дури и на „Google Maps“.

Извор: „Index“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот