ВИДЕОАНКЕТА: Занает или факултетска диплома?

Дали дипломата е секогаш гаранција за добри услови и добро работно место? Што е со занаетите?
„Слободен печат“ ги праша граѓаните што е подобро и што се вреднува повеќе, факултетот или занаетот?

Според анкетираните, повеќе луѓе размислуваат дали вреди да се студира, или е подобро да се научи добар занает и веднаш да се почне со работа. И дека дипломата не е секогаш гаранција за добри услови и работно место.

Една девојка, која студирала правен факултет, ни објасни дека покрај околностите, занаетот за неа е моментален избор.

– Занает, дефинитивно. Институциите тука досега не се покажале – вели таа. Две случајни минувачки ни рекоа дека занаетот денеска е попаметен избор.

Две случајни минувачки ни рекоа дека занаетот денеска е попаметен избор.

– Занает, затоа што занаетите изумираат, а оние што работат занает се сè поретки и подобро платени.

Другата додаде дека некои сè уште веруваат во факултетот.

Според една помлада студентка, изборот е факултет, бидејќи со стекнатата диплома условите и платата носат подобри услови.
Еден господин смета дека тоа зависи од човекот.

– Некој е поталентиран за занает, некој за факултет. Секој си одбира – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот