ВИДЕОАНКЕТА: Какви придобивки имаат граѓаните од скенирањето сметки?
Од 1 јули 2019 година започна мерката „Мој ДДВ“, со која на граѓаните им се враќаат 15% од платениот ДДВ, со цел да се врати дел од парите и да се намали сивата економија.
Слободен печат ги праша граѓаните зошто скенираат сметки и дали навистина имаат придобивки од оваа мерка.
Препорачано
Повозрасна госпоѓа без размислување ни одговори дека нема големи очекувања:
-Па, нешто малку. Некогаш цела сума, некогаш половина, некогаш ништо.
И помладите граѓани го користат овој начин за враќање на дел од парите.
– Да, скенирам сметки – ни рече еден млад минувач.
Една жена додаде дека во моментов не скенира сметки поради други приоритети. А еден постар господин рече дека нема потреба од скенирање.
Еден пензионер вели дека луѓето имаат придбивка од скенирањето.
-Гледам луѓе, одат по контејнери, собираат сметки. До кој степен се дојдени? Мислам, срамота е тоа – вели тој.
На прашањето дали економската криза ги тера луѓето повеќе да скенираат, одговорите беа едногласни:
-Да!
Една разочарана жена изјави дека скенирањето е залудно, а помлад господин рече дека парите од поврат на ДДВ му се наоѓаат.
-Не е нешто, но за неколку денови, на пример, за јадење, со парите од сметките ќе пополнам – вели тој.
На крај, една госпоѓа иронично се смееше за времето во кое живееме:
-Со кој буџет да купуваме за да скенираме? – рече таа.


