ВИДЕОАНКЕТА | Дали сте за естетска хирургија и дали би направиле нешто за разубавување?

Анкета естетска хирургија/Фото: Слободен печат

Зголемување на усни и гради, корекција на очни капаци, фејслифтинг. Се прави ли се за подмладување? Колку скопјани се за или против пластичната хирургија и кога ја оправдуваат, а кога критикуваат? „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали се за естетска хирургија и дали би направиле нешто за разубавување? Најголем дел од анкетираните ја претпочитаат природната убавина и не би отишле кај пластичен хирург, но има и такви кои веќе биле на разубавување. Дел од нив естетската хирургија ја одобруваат само доколку има потреба од корекција на некој физички недостаток.

– Естетска хирургија е многу хуман дел од медицината, но е претворен во турбо-фолк. Големи топчести гради не се естетска хирургија, вели еден господин. Скопјанка која веќе посетила естетски хирург вели дека е за естетска хирургија и дека ја поддржува.

Скопјанец објаснува дека доколку некој сака да смени нешто на себе што е објективно, во ред е, но ако се оди на операција само нешто да се зголеми, мисли дека нема потреба.  Млада девојка вели дека е многу против естетската хирургија.

Скопјанка вели дека природната убавина е најдобро нешто и дека никогаш не би сменила нешто на себе.
Помлад скопјанец објаснува дека луѓето треба парите да си ги инвестираат во здрава исхрана или теретана, наместо во естетска операција.

-Негативно е мислам, бидејќи сите жени личат една на друга- вели една скопјанка.

Друга објаснува дека има направено интервенција за да и се подобри самодовербата.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот