ВИДЕОАНКЕТА: Дали младите во Македонија се задоволни од работните места?

Иако сè повеќе млади се селат надвор од Македонија со надеж да најдат просперитетни работни места кои ќе им овозможат комфорен живот, голем дел остануваат и во државава.

Ги прашавме граѓаните која е најдобра професија за полесно да се најде работа во Македонија? И дали граѓаните, особено младите генерации ја работат работата што ја сакаат?

 

Една млада девојка ни одговори дека не ја работи работата што ја посакува, но се труди да ја гледа позитивната страна.

-Не го работам баш тоа што го сакам, но се трудам да го работам наскоро тоа што го сакам. Но задоволна сум од работата. Искрено, супер е. За оваа возраст, за овие услови што ги исполнувам со образование и со сè, задоволна сум – вели таа.

Младо момче вели дека најпросперитетната професија моментално во Македонија е информатиката, односно ИТ индустријата.

– ИТ индустријата има најдобри услови, флексибилност, па и плата – вели тој.

Со тоа се согласија уште неколку граѓани. Еден случаен минувач додаде дека во време на развојот на технологиите и вештачката интелигенција, лесно може да се успее во Македонија.

Добивме одговори дека иднина има и во банкарство, работа како диспечер за странска компанија, а општо мислење е дека иднина најмногу има во информатичката индустрија.

Неколку од младите искрено одговорија дека не ја работат работата што ја сакаат, но се задоволни и гледаат перспектива за работа во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот