ВИДЕО | Звучат светски: Касапски и Давидовски од Штип ја преработија „Illuminated“ на дуото „Hurts“

приватна архива

Со познатиот хит на дуото „Hurts“, „Illuminated“, младите штипјани Панче Касапски и Никола Давидовски ја остварија својата прва музичка соработка.

Со оваа нивна преработка на одличната песна на „Hurts“, тие ги најавуваат и нивните идни проекти, односно штипскиот тандем во блиска иднина планира да го објави и нивниот авторски материјал.

Приватна архива

„Ова е можеби мал тест да видиме како ќе реагира публиката на нас. Да бидеме искрени, не очекувавме толку позитивни критики. Очигледно им се допаѓа комбинацијата на поп и оперско пеење“, велат Касапски и Давидовски.

За оваа преработка, тие снимија и одлична видео приказна, која ве уверуваме дека ќе го задржи вашето внимание:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот