ВИДЕО: Жестоки расправии на Деве Баир, бугарски граѓани бараат влез во Македонија

Расправии на македонсо-бугарската граница/Фото: Скриншот

Виктор Стојанов од Фондација Македонија преку Фејсбук објави снимка на која се гледа како нколку бугарски државјани се обидуваат да влезат на граничниот премин Деве Баир и упатуваат навреди и закани кон македонската граничната полиција.

Станува збор за група е од околу 50 луѓе кои тргнале да му оддадат почит на Гоце Делчев на гробот во црквата Свети Спас во Скопје.

Нервозните Бугари им се заканувале и на новинарите кои ја снимале расправијата.

Тие бараат од македонската полиција да ги пушти да влезат во Македонија и да одат кон Скопје, а полицјаците им објаснуваат дека треба да се вратат во своите возила и да чекаат да ја поминат проверката бидејќи утрово падна системот на проверка на сите македонски гранични премини и има проблеми со пропуштањето на патниците кои сакаат да влезат во земјава.

Бугарскиот министер Демерџиев утрово за БТА изјави дека околу 150 бугарски граѓани ќе дојдат во Македонија на чествувањето во Св. Спас и нагласи дека некои други нема да бидат пуштени да излезат од Бугарија за да нема проблеми на одбележувањето во Скопје на 151 – годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот