Падна системот на граничните премини, се пропуштаат само итните случаи

Граничен премин -Деве Баир фото архива на Слободен печат

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

– МВР информира дека системот на граничните премини  не се во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи, се вели во информацијата од МВР.

 На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален.

Од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Северна Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.

Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.

Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.

На ГП Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот