Фото: pexels-jay-brand

ВИДЕО | Женските горили бараат стари пријателки дури и по години откако биле разделени

Односите меѓу женските планински горили се многу позначајни отколку што се мислеше претходно, според ново истражување спроведено во Националниот парк Вулкан во Руанда. Научниците утврдиле дека женките, кога се преселуваат во нова група, инстинктивно бараат женки со кои биле во контакт претходно, објавува „Би-би-си“.

Дури и по години разделба, новоформираната врска со стар познаник често одредува на која група таа ќе се придружи, објаснуваат научниците.

Студијата се потпира на податоци собрани во текот на 20 години, како дел од работата на неколку истражувачки тимови кои соработуваат со Фондацијата за зачувување на горилите „Дајана Фоси“, а резултатите беа објавени во списанието „ Зборник на трудови на Кралското друштво Б“.

– Не сум сигурна дека можам научно да зборувам за пријателството, но со сигурност можеме да кажеме дека врските меѓу припадници од ист пол имаат голема тежина во општеството на горилите – изјави главниот автор на истражувањето, Викторија Мартињак, докторантка од Универзитетот во Цирих.

Преминувањето од една група во друга е дел од природната социјална динамика на горилите, мажјаците и женките ги напуштаат своите првобитни заедници, при што женките често менуваат неколку групи во текот на својот живот, а овој феномен, според научниците, игра важна улога во избегнувањето на инбридирање, зачувувањето на генетската разновидност и обликувањето на општествените односи.

– Во дивината, овој феномен е од клучно значење, но е исклучително тешко да се следи бидејќи е речиси невозможно да се лоцираат единки откако ќе ја напуштат групата – вели Мартињакова.

Резултатите од истражувањето, исто така, покажуваат дека жените избегнуваат заедници каде што има мажи со кои веројатно се во роднинска врска, но дека односите со други жени, особено оние што ги познаваат од младоста, имале одлучувачко влијание врз изборот на нова група.

– Забележавме дека женките инстинктивно се свртуваат кон старите пријатели, без разлика дали претходно играле заедно или развиле социјална врска – рече Мартињак.

Научниците веруваат дека овие модели на движење и социјална динамика можат да обезбедат увид во еволутивните корени на слични однесувања кај луѓето.

– Движењето и менувањето на животната средина се длабоко вкоренети во човечкото општество, но таквите одлуки не оставаат фосилни траги. Затоа е исклучително важно да ги проучуваме кај нашите најблиски еволутивни роднини – заклучува Мартињак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот