ВИДЕО | „Жените ќе ја спасат Србија“: Нов протест пред редакцијата на српски „Информер“

Фото: Јутјуб/принтскрин

Денеска во Белград се одржа вториот по ред протест пред редакцијата на српскиот таблоид „Информер“, кој дојде како резултат на објавувањето на „мега-ексклузивното“ интервју со сериски силувач во овој дневен весник, но и на порталот.

Како што пишуваат српските медиуми, на протестот се собрале неколку стотици луѓе. Присутна била и полицијата.

Присутните коментираа дека на протестот денеска имало повеќе луѓе од минатиот пат, а сите забележале поголем број мажи.

На некои од написите кои ги носеа демонстрантите пишуваше „Жените ќе ја спасат Србија“ и слично, пренесуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот